ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СМЕТА ДЕКА НЕМА ЗАКАНИ ЗА ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА НА ДРЖАВАТА КАКО ШТО ВЕЛИ ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ

    ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СМЕТА ДЕКА НЕМА ЗАКАНИ ЗА ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА НА ДРЖАВАТА КАКО ШТО ВЕЛИ ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИСиљановска-Давкова вели дека нема да го свика Советот за безбедност оти нема потреба и дека за државата во моментов главна закана се пожарите. (Фото: Претседателка на РСМ)

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова смета дека на државата не ѝ се заканува дестабилизација, како што тврди премиерот Христијан Мицкоски. Сиљановска-Давкова вели дека нема да го свика Советот за безбедност оти нема потреба и дека за државата во моментов главна закана се пожарите.

    „Индиции се едно, а закани за дестабилизација се друго, но реалноста е поинаква. Јас реков дека нема да го свикам Советот зашто мислам дека во ова време-невреме кога треба да се справуваме со пожарите како стихија, ние се соочуваме и со други закани под наводници. Не гледам дека тие се во моментов реалност“, кажа Сиљановска-Давкова одговорајќи на новинарски прашања на отворањето на 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски, јазик, литература и култура во Охрид.

    Премиерот Мицкоски на 5 август на заедничката прес-конференција со косовскиот премиер Албин Курти во Скопје, кажа дека од повеќе канали добил информации оти раководството на ДУИ во обид да го заштити капиталот што го создаваше изминатите 20 години, ќе преземе чекори во насока на дестабилизирање на државата. Според неговите информации тоа ќе се случи оваа есен.

    И вчера при посета на Царинската управа Мицкоски прашан за наводите за дестабилизација на државата кажа дека високи функционери во поранешни влади, коишто се обидуваат да мобилизираат луѓе на терен и да провоцираат етнички конфликт, односно да ја дестабилизираат меѓуетничката хармонија во Македонија.

    „Тоа е најмногу што ме вознемирува, бидејќи сфаќаат дека на друг начин не можат да мобилизираат луѓе, единствениот начин е да испровоцираат ваков тип конфликт. Тоа нема да го дозволиме“, рече Мицкоски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира