ЏАФЕРИ ГО ОДЛОЖИ ГЛАСАЊЕТО ЗА ОДЗЕМАЊЕ НА ИМУНИТЕТОТ НА ПРАТЕНИКОТ НА СОЦИЈАЛИСТИТЕ ДИМОВСКИ

    ЏАФЕРИ  ГО ОДЛОЖИ ГЛАСАЊЕТО ЗА ОДЗЕМАЊЕ НА ИМУНИТЕТОТ НА ПРАТЕНИКОТ НА СОЦИЈАЛИСТИТЕ ДИМОВСКИБарањето за одземање на имунитетот на пратеникот Љупчо Димовски на пленарната собраниска седница го образложи претседателот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања Павле Богоевски. (Фото:СДК.МК)

    Претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата на која пратениците требаше да гласаат за симнување на имунитетот на  пратеникот на Социјалистичката партија Љупчо Димовски. Џафери седницата ја прекина по образложението на предлогот за одземање на имунитетот на Димовски од  претседателот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања Павле Богоевски.

    Седницата на која треба да се гласа за одземање на имунитетот на Димовски, како што рече Џафери, ќе ја закаже дополнително.

    Основниот суд Скопје 1 – Скопје, побара од Собранието да му се одземе имунитетот на Димовски за да може да одлучува по барањето за одредување притвор на обвинителството.

    На барање на Обвинителството за организиран криминал и корупција, замрзнат е имот и сметки на притворените ексминистри за земјоделие Михаил Цветков, Александар Спасеноски и Христијан Делев, како и на осомничениот пратеник и ексминистер за земјоделие Љупчо Димовски.

    Четворицата се осомничени дека во периодот на нивното министерување во 10-годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, толерирале неплаќање закуп на државно земјоделско земјиште со што државата ја оштетиле за 1,5 милион евра.

    Г. ТРПЕНОСКИ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира