ПРЕТСТАВНИК НА ДРЖАВНА АГЕНЦИЈА ВО САД СЕ СКАРА СО ДИЈАСПОРАТА ОКОЛУ ПОМОШТА ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПРЕТСТАВНИК НА ДРЖАВНА АГЕНЦИЈА ВО САД СЕ СКАРА СО ДИЈАСПОРАТА ОКОЛУ ПОМОШТА ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ

    Обединетата македонска дијаспора побара од премиерот Емил Димитриев итно да го повлече Оливер Ристиќ, меѓународниот претставник на Агенцијата за странски инвестиции на Република Македонија во Вашингтон, поради, како што вели ОМД во писмото до Димитриев, лавината навреди од страна на Ристиќ на сметка на организацијата околу помошта за поплавените.

    „Во текот на изминатите неколку дена, Обединетата македонска дијаспора (ОМД) беше изложена на лавина навреди од страна на меѓународниот претставник на Агенцијата за странски инвестиции на Република Македонија, Оливер Ристиќ. Навредите беа јавно објавени на социјалната мрежа Фејсбук и беа проследени со низа невистини, како и извртување на фактите околу донациите и вклученоста на ОМД во справувањето со штетите од поплавите во Република Македонија.“, стои во дел од писмото потпишано од Стојан Николов, претседател на Управниот одбор на ОМД.

    Според коментарите на Фејсбук, приложени кон писмото, членови на ОМД се расправаат со претставникот на Агенцијата за странски инвестиции околу сумата собрана од иселениците како помош за поплавените.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира