ПРИФАТЕТЕ ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА И МЕНУВАЈТЕ ГО КУРСОТ ОТИ ДОЛГО ЌЕ БИДЕТЕ ВО ОПОЗИЦИЈА, ОДГОВОРИ ЗАЕВ НА ПРАШАЊЕТО НА КООРДИНАТОРОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ДАЛИ ЌЕ СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ПОЛИТИКАТА АКО ЗАГУБИ НА ИЗБОРИТЕ

    ПРИФАТЕТЕ ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА И МЕНУВАЈТЕ ГО КУРСОТ ОТИ ДОЛГО ЌЕ БИДЕТЕ ВО ОПОЗИЦИЈА, ОДГОВОРИ ЗАЕВ НА ПРАШАЊЕТО НА КООРДИНАТОРОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ДАЛИ ЌЕ СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ПОЛИТИКАТА АКО ЗАГУБИ НА ИЗБОРИТЕНа прашањето на Мицевски колку пари СДСМ потрошиле на рекламите во медиумите со кои се рекламираат владини проекти, Заев рече дека за разлика од ВМРО-ДПМНЕ тие не трошат пари на граѓаните. - Зоран Заев; Никола Мицевски (Фото: К. Попов)

    ВМРО-ДПМНЕ побара од премиерот Зоран Заев доколку СДСМ загуби на претстојните предвремени парламентарни избори да се повлече од политиката. Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски на денешната седница за пратенички прашања го праша премиерот Заев, дали прифаќа на изборите да биде „шпицен кандидат“.

    „Дали прифаќате на овие избори поразениот лидер да си замине од политиката?“, праша Мицевски.

    Заев му одговори дека СДСМ на изборите ќе победи со разлика од 60.000 до 120.000 гласови, бидејќи и оние граѓани кои можеби се незадоволни од владеењето на СДСМ, се ежат од помислата ВМРО-ДПМНЕ да се врати на власт.

    „Прифатете вие една изборна единица, па ќе се договориме. Не бегам од ништо, не шпицен кандидат и лево и десно крило ќе бидам. Менувајте го курсот оти долго време ќе бидете во опозиција“, рече Заев.

    Премиерот му кажа на Мицевски дека граѓаните нема да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ бидејќи знаат дека веднаш меѓуетничките односи ќе бидат под сериозен ризик и веднаш ќе следуваат кавги со Грција и Бугарија.

    На прашањето на Мицевски колку пари СДСМ потрошиле на рекламите во медиумите со кои се рекламираат владини проекти, Заев рече дека за разлика од ВМРО-ДПМНЕ тие не трошат пари на граѓаните.

    „Се рекламираат успесите на оваа влада, резултати кои се за поклонување, но со пари од партијата. За разлика од вас кои потрошивте 27 милиони евра, пари на граѓаните за реклами во медиумите, ние тоа не го правиме. Ги зголемивме парите за партиите и ете ние од тие пари се рекламираме, не ги делиме во вреќи како што правел некој пред нас“, рече Заев.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира