ПРИЈАВЕТЕ БЕЗДОМНИЦИ НА ДЕЖУРНИТЕ ТЕЛЕФОНИ ВО СКОПЈЕ, БИТОЛА, СТРУМИЦА И СТРУГА, АПЕЛИРА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА

    ПРИЈАВЕТЕ БЕЗДОМНИЦИ НА ДЕЖУРНИТЕ ТЕЛЕФОНИ ВО СКОПЈЕ, БИТОЛА, СТРУМИЦА И СТРУГА, АПЕЛИРА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКАПријавувањето е на броевите: 071/733-171, 071/411-908, 071/261-778 за Скопје, 070/791-770; 071/397-272; 071/397-875 за Битола, 070/381-660 за Струмица, 070/317-612 и 046/781-733 за Струга. - Интервентниот прифатен центар во „Момин поток“ во Скопје (Фото: Министерство за труд и социјална политика)

    Министерството за труд и социјална политика апелира до граѓаните ако забележат бездомник да го пријават на дежурните телефонски броеви, за да биде сместено во некои од прифатните пунктови.

    Пријавувањето е на броевите: 071/733-171, 071/411-908, 071/261-778 за Скопје, 070/791-770; 071/397-272; 071/397-875 за Битола, 070/381-660 за Струмица, 070/317-612 и 046/781-733 за Струга.

    „По пријавата на овие телефонски броеви, мобилните тимови од Центрите за социјална работа и на Црвениот крст излегуваат на терен и ги згрижуваат бездомниците во неколку пунктови во Скопје и низ Македонија, каде што добиваат чиста облека, топол оброк, греење и лекарска помош. На лицата коишто одбиваат да се сместат во некој од пунктовите им се дистрибуира вреќа за спиење, ќебе, облека, храна“, велат од Минстерството за труд и социјална политика.

    Минатиот месец, Министерството за труд и социјална политика заедно со Црвен Крст отвори интервентен центар за бездомници во „Момин поток“ со 32 легла, каде од 16 декември до вчера имало 226 преспивања.

    Во функција се уште три регионални прифатни центри во Битола, Струмица и Струга. Министерството ги задолжи сите Центри за социјални работи низ Македонија на своите веб страници да објават дежурни телефонски броеви за пријавување на бездомници и другите семејства без соодветни услови за живеење.

    „За да ги заштитиме од ниски температури семејствата со деца коишто живеат во импровизирани живеалишта под Кале, Министерството за труд и социјална политика уште во текот на ноември лани обезбеди сместување за дел од нив. Околу 15 семејства се преселија во привремената монтажна населба во Визбегово, а дел 85 лица, од кои 49 се деца, се сместени во во установата ‘Ранка Милановиќ’“, велат од Министерството и додаваат дека лани обезбедиле вакво згрижување за 120 лица.

    Е. БОЧВАРОСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари