ПРИСТИГНА БУГАРСКАТА ДОНАЦИЈА ОД 50 ИЛЈАДИ ВАКЦИНИ „ФАЈЗЕР“, ТРЕБА ДА СЕ ПОТРОШАТ ЗА 13 ДЕНА

    ПРИСТИГНА БУГАРСКАТА ДОНАЦИЈА ОД 50 ИЛЈАДИ ВАКЦИНИ „ФАЈЗЕР“, ТРЕБА ДА СЕ ПОТРОШАТ ЗА 13 ДЕНА„Изборот е дали да ги уништиме или да ги подариме“, кажа за донираните вакцини „Фајзер“ бугарскиот министер за здравство Коцарев на 8 септември. (архивска фотографија)

    Бугарската донација од 51.480 дози од вакцината „Фајзер“ пристигна вчера во Македонија, соопшти министерот за надворешни работи Бујар Османи. Рокот на овие вакцини против ковид-19 им истекува на 30 септември, што значи дека мора да бидат употребени во наредните 13 дена.

    „Вчера Северна Македонија прими донација од над 50 илјади ‘Фајзер’ вакцини од Бугарија, кои веќе се дистрибуирани и спремни да бидат употребени. Важен гест на пријателство и солидарност“, напиша Османи на Твитер, споменувајќи го неговиот бугарски колега Светлан Стоев.

    Кога бугарскиот парламент ја одобри донацијата на 8 септември, од македонското министерство за здравство соопштија дека ќе бидат аплицирани далеку пред истекување на рокот на важност.

    За време на расправата во парламентот , бугарскиот министер за здравство Стојчо Кацаров кажа дека ако не биде веднаш изгласана ратификација на донацијата, вакцините нема да можат да ѝ бидат дадени на Македонија.

    „Конкретно за Северна Македонија, изборот е дали да ги уништиме или да ги подариме, затоа што на вакцините им истекува рокот до крајот на септември“, изјави тогаш Кацаров.

    Според тогашното соопштение, овие вакцини ќе бидат аплицирани за 5 до 7 дена од нивната дистрибуција на пунктовите.
    Неделава, прва доза вакцина примаат просечно по 2 илјади граѓани, а втора доза околу 11 илјади.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира