ПРИТВОР ЗА ПЕТМИНА ОД УАПСЕНИТЕ ОД ГРУПАТА ОД ГРЧЕЦ КОЈА ШВЕРЦУВАЛА КОКАИН, МВР НЕ КАЖУВА ЗОШТО НЕ СЕ УАПСЕНИ И НИВНИТЕ ДОУШНИЦИ ОД ИНСТИТУЦИИТЕ

    ПРИТВОР ЗА ПЕТМИНА ОД УАПСЕНИТЕ ОД ГРУПАТА ОД ГРЧЕЦ КОЈА ШВЕРЦУВАЛА КОКАИН, МВР НЕ КАЖУВА ЗОШТО НЕ СЕ УАПСЕНИ И НИВНИТЕ ДОУШНИЦИ ОД ИНСТИТУЦИИТЕСпасовски кажа дека јавноста ќе се шокира кога ќе чуе кои лица од министерства и од други институции биле доушници и спонзори во овој меѓународен бизнис со кокаин, проследен со нарачки и реализација на убиства. - Запленета дрога во вчерашната акција (Фото: Принтскрин МВР)

    Судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за обезбедување присуство за 6 лица кои во текот на ноќта беа спроведени во судот, а поврзани со полициската акција во скопското село Грчец, донесоа решенија со кои :

    Прифатен е предлогот на ОЈО за организиран криминал и корупција и на : ШБ., Ф.Б., Н.И., Ф.С., и С.А. им определи мерка притвор во траење од 30 дена, додека за О.П. го прифати предлотог за определување мерки за претпазливост односно Одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, Забрана за напуштање живеалиште односно престојувалиште и Обврска за јавување во суд.

    Воедно судот го прифатил предлогот и определил мерка притвор за 10 лица кои се опфатени со истрагата, а кои во моментов не се достапни на органите за прогонот, од нивното наоѓање односно лишување од слобода. Против овие решенија странките имаат право на жалба до Кривичниот совет на кривичниот суд Скопје.

    За акцијата во Грчец, во соработка со европската полиција ЕУРОПОЛ, синоќа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кажа дека јавноста ќе се шокира кога ќе чуе кои лица од министерства и од други институции биле доушници и спонзори во овој меѓународен бизнис со кокаин, проследен со нарачки и реализација на убиства.

    На прашањето зошто овие лица уште се на работа и зошто ги нема меѓу уапсените, САКАМДАКАЖАМ.МК чека на одговор од МВР.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира