ПРИТВОР ЗА ПРИЛЕПЧАНЕЦ КОЈ ПРЕКУ ВИДЕА НА ФЕЈСБУК СЕ ЗАКАНУВАЛ НА ОБВИНИТЕЛКА, А НА ЌЕРКА Ѝ ПРАЌАЛ ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ПОРАКИ

    ПРИТВОР ЗА ПРИЛЕПЧАНЕЦ КОЈ ПРЕКУ ВИДЕА НА ФЕЈСБУК СЕ ЗАКАНУВАЛ НА ОБВИНИТЕЛКА, А НА ЌЕРКА Ѝ ПРАЌАЛ ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ПОРАКИОсомничениот е претходно осудувано лице за кривично дело загрозување на сигурноста, а против него во последниот период се поднесени и повеќе други кривични пријави, кажаа од Обвинителството.(Фото: СДК.МК)

    Прилепчанец кој досега бил осудуван за загрозување на сигурноста се заканувал, демнел и вознемирувал обвинителка од прилепското Обвинителство и нејзината ќерка. Како што соопштија денеска од Оновното јавно обвинителство Прилеп, поведена е постапка против лицето за кое постои основано сомнение дека сторило кривични дела полово вознемирување, загрозување на сигурноста и демнење.

    „Во текот на ноември, осомничениот на својот фејсбук профил во повеќе наврати поставувал текстуални објави и вклучувања во живо преку кои се заканувал дека ќе ги нападне основната јавна обвинителка на ОЈО Прилеп и членови на нејзиното најблиско семејство. Намерата му била да ја вознемири и исплаши врз основа на пол, личен, семеен и општествен статус на оштетената како јавна обвинителка. Во објавите, осомничениот неовластено користел приватни и семејни фотографии на оштетената. Преку социјалните мрежи тој директно праќал пораки со вознемирувачка содржина до ќерката на јавната обвинителка, предизвикувајќи кај неа непријатност, навреденост и страв. Осомничениот е претходно осудувано лице за кривично дело загрозување на сигурноста, а против него во последниот период се поднесени и повеќе други кривични пријави, што укажува на опасноста тој да повторува вакви кривични дела“, велат од Обвинителството.

    Поради тоа, како и поради фактот дека постојат околности кои укажуваат на опасноста осомничениот да се даде во бегство доколку се брани од слобода, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Прилеп достави предлог за определување мерка притвор. Судот му определи притвор во траење од осум дена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира