ПРИТВОРЕН КАВАДАРЧАНЕЦ КОЈ ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МИТКО ЈАНЧЕВ ЈАВНО БАРАЛ КРВ И МЕСО

    ПРИТВОРЕН КАВАДАРЧАНЕЦ КОЈ ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МИТКО ЈАНЧЕВ ЈАВНО БАРАЛ КРВ И МЕСООсомничениот, кој добил притвор, ја загрозувал сигурноста на градоначалникот на Кавадарци од август до 29 декември 2019 година. - Митко Јанчев (Фото: СДК.МК)

    Обвинителството на Кавадарци повело постапка против лицето кое во изминатите неколку месеци им се закануваше на социјалните мрежи и по телефон на градоначалникот Митко Јанчев, на неговата сопруга и на семејството. На барање на обвинителот, осомничениот 40-годишен кавадарчанец добил мерка притвор за загрозување на сигурноста и за насилство.

    Јанчев и сопругата имаа закани по животот уште во септември 2018 година кога насилник му кажал дека ако излезе на референдумот за името на државата, ќе се види со неговиот мртов татко. Обвинителството не прецизира дали се работи за истиот заканувач.

    Осомничениот, кој добил притвор, ја загрозувал сигурноста на градоначалникот на Кавадарци од август до 29 декември 2019 година. Во повеќе наврати психички го малтретирал и навредувал градоначалникот на Кавадарци и неговото семејство, со што кај нив предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.

    Психичкото насилство започнало со закани и објавување статуси со клевети и навреди по социјалните мрежи.

    Осомничениот повикувал и други лица, користејќи се со повици во кои се зборови од насилна природа.

    „Тој континуирано го следел оштетениот и неговото семејство, ја фотографирал куќата во која тие живеат и преку нивни роднини им упатувал сериозни закани.

    Ваквото однесување на осомничениот било пријавувано во полициската станица во Кавадарци, од каде неколкупати бил опоменуван, но и покрај тоа продолжил да врши психичко насилство и да ја загрозува сигурноста на оштетениот“, вели обвинителството

    Насилството кулминирало вечерта на 28 декември, пред Нова Година, откако осомничениот поради фотографирање на домот на градоначалникот бил повикан во полициска станица. Во негово име на Јанчев телефонски му се јавило друго лице, упатувајќи му сериозни закани.

    Заканите продолжиле од него и преку социјални мрежи, во кои тој повикува градоначалникот „да плати со крв и месо“.

    Заканувачот продолжил и со психичко малтретирање на Јанчеви, поради што е осомничен и за кривично дело насилство.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира