Здравко Савески и Владимир Куновски не смеат да излегуваат од дома и поркај тоа што во петокот судот им го укина куќниот притвор.
„Четири дена по укинувањето на притворот на Валдо и Здравко, тие уште не можат да излезат од дома, зашто решението не им е доставено“, напиша утрово на својот Фејсбук профил Бранимир Јовановиќ од „Левица“.
По барање на бранителите, Судот во петокот го укина притворот за демонстрантите Здравко Савески и Владимир Куновски. Судот најави дека ќе преземе други мерки со кои ќе го обезбеди нивното присутство на судењата и им ги одезама пасошите.
Здравко Савески и Владимир Куновски 45 дена беа во куќен притвор. Тие се обвинети за демолирање на канцеларијата на претседателот Ѓорге Иванов.
Јовановиќ, во истиот пост на Фејсбук, потсетува дека прогонот врз протестирачите не е запрен бидејќи вчера уште едно лице добило кривична пријава за фрлање боjа во Битола. Аболициите можеби беа повлечени од страна на Хорхе, напишал Јовановиќ, ама се шпекулира дека пратеници од ВМРО ќе го оспорат ова пред Уставен суд. Тој тврди дека на утрешната седница не е предвидено да се дискутира за уставноста на СЈО и потсетува дека ризикот за укинување на СЈО останува.
„Другарки другари, да не се лажеме-ниту едно барање не е исплнето на задоволителен начин. Затоа не смееме да се опуштаме. Мораме да ги засилиме притисоците!“, напиша Јовановиќ.