ПРИВАТНИТЕ СОБИРИ СЕ НАЈГОЛЕМА ОПАСНОСТ ЗА ПРЕНЕСУВАЊЕ НА КОВИД-19, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕ

    ПРИВАТНИТЕ СОБИРИ СЕ НАЈГОЛЕМА ОПАСНОСТ ЗА ПРЕНЕСУВАЊЕ НА КОВИД-19, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕФилипче кажа дека токму приватните собири се причината за зголемениот број на заболени пациенти со КОВИД-19 во изминатиов период. Градскиот парк во Скопје за време на првомајскиот продолжен викенд (Фото: К. Попов)

    Најголемата опасност за пренесување на заразата се приватните собири и прослави, кажа денеска министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција, и апелираше до граѓаните да се воздржат од какви било собирања.

    Филипче кажа дека токму приватните собири се причината за зголемениот број на заболени пациенти со КОВИД-19 во изминатиов период. Последната зголемена бројка е од семеен настан во Чаир, каде има 20-тина заболени, и во Тетово и околината на градот, каде штое Комисијата за заразни болести утврдила дека има зголемен ризик од зараза и утре ќе оди на увид специјалист од инфективна медицина.

    „Во Тетово огромен број беа од веќе познати заболени, така што сѐ е во рамките на тие кластери. и замолувам граѓаните да се воздржат од собирања. Не можеме сами да се бориме, здравствените работници не можат сами да се борат. Мора да се почитуваат мерките инаку ќе се вратиме на почетокот. Првата битка ја добивме, но борбата не е завршена“, кажа министерот.

    Во изминатите 24 часа се направени 533 тестирања, а регистрирани се 22 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје-8, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-3, Струга-1, Велес-4, Свети Николе-1 и Гостивар-1. Досега во земјата се направени вкупно 22.255 тестирања на КОВИД -19.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира