ПРИВЕДЕН 46-ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ КОЈ МУ ПОМОГНАЛ НА ПАЛЕВСКИ ДА ИЗБЕГА ОД СРБИЈА ВО ТУРЦИЈА

    ПРИВЕДЕН 46-ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ КОЈ МУ ПОМОГНАЛ НА ПАЛЕВСКИ ДА ИЗБЕГА ОД СРБИЈА ВО ТУРЦИЈАЛицето за кое сега се бара притвор го возело Палевски од Србија, преку Бугарија, до Турција. - Потерницата по Палевски (Фото: МВР)

    Приведен е 46-годишен скопјанец кој се сомничи дека му помогнал на Љупчо Палевски – Палчо да избега во Турција, соопшти Јавното обвинителство.

    Според обвинителството, тој на 2 декември му помогнал на Палевски, по кого е распишана меѓународна потерница за киднапирање и убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска, да стигне од Србија до Турција со возило „Ленд Ровер“. За него е побаран 48-часовен притвор.

    „Основаното сомневање дека осомничениот го сторил кривичното дело произлегува од досега прибавените докази од Бирото за јавна безбедност, Сектор за меѓународна полициска соработка доставено до СВР Скопје во кое е наведено дека лице осомничено дека сторило кривично дело, по кое сега е распишана меѓународна потерница, на 02.12.2023 година било регистрирано на граничните премини во Р.Бугарија и тоа со влез во Р.Бугарија на ГП Калотина и излез од Р.Бугарија на ГП Капитан Андреево (кон Р.Турција). И двете регистрации се со возило марка ‘Ланд Ровер’, управувано од осомничениот. Лицето е лишено од слобода и со него полициски службеници од Секторот за меѓународна соработка извршија информативен разговор“, велат од обвинителството.

    Палевски заминал за Белград на 30 ноември, три дена по киднапирањето и убиството на Ѓорчевска, со помош на неговиот адвокат, кој вчера кажа дека мислел дека го носи Палевски на преглед.

    Во притвор за киднапирањето и убиството на Ѓорчевска се четворица осомничени, вклучувајќи го и нејзиниот татко. Палевски е првоосомничен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира