ПРОТЕСТОТ ПРЕД ВЛАДА ЗАВРШИ МИРНО

a:1:{s:9:"td_source";s:44:"Скопје(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПРОТЕСТОТ ПРЕД ВЛАДА ЗАВРШИ МИРНО

    Протестот на граѓаните што се противат на одлуката на претседателот Иванов за аболиција на политичари и против изборите закажани за 5 јуни мина мирно, со свирежи и скандирање „Готово е, Никола“, „Мафија“ и повремено фрлање со јајца кон владината зграда. Имаше и обиди за ситни провокации за судир со полицијата, кои ги смири лидерот на Достоинство Стојанче Ангелов, кој рече дека лично ќе ги предаде на полицијата сите оние кои на било кој начин ќе нападнат полицаец, јавија репортерите на СДК.МК.

    Полицијата го ослободи пристапот кон Владата, откако не им дозволуваше на демонстрантите да им се приближат ниту на Собранието ниту на Владата. Демонстрантите беа заробени на потегот околу Камениот мост. Тоа го зголеми револтот помеѓу граѓаните. Центарот на Скопје беше целосно блокиран. Силни полициски сили имаше на секој чекор.

    Граѓаните што протестираат против одлуката на Иванов за аболиција на политичари и против изборите закажани за 5 јуни прво се собраа пред седиштето на Специјалното обвинителство и тргнаа кон Собранието, но таму наидоа на кордон полицајци кои не им дадоа да се приближат до зградата. Демонстрантите беа запрени кај Триумфалната капија. Потоа беа сопрени и кај Камениот мост во близина на Музејот на ВМРО.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари