ПРОДАЖБАТА НА ЗЕЈТИН ОГРАНИЧЕНА НА ЕДНО ПАКУВАЊЕ ДНЕВНО ПО КУПУВАЧ

    ПРОДАЖБАТА НА ЗЕЈТИН ОГРАНИЧЕНА НА ЕДНО ПАКУВАЊЕ ДНЕВНО ПО КУПУВАЧОграничувањето е со важност до 31 мај. - Магацин за масло за јадење (Фото: СДК.МК)

    На секој поединечен купувач кој ќе купува масло од сончоглед за јадење во трговските објекти, во текот на денот ќе биде ограничена продажбата на мала количина во единечно пакување, соопшти министерот за економија Крешник Бектеши.

    Министерството за економија вчера ги известило сите трговци да ја ограничат продажбата на масло за јадење со цел да се избегне пореметувања од непотребна појава на недостаток на масло од сончоглед кај трговците на мало. Ограничувањето е со важност до 31 мај.

    „Поради значајниот пораст на купување на масло од сончоглед за јадење од страна на домашни купувачи во однос на редовната потрошувачка на маслото од сончоглед за јадење во домаќинството, како и странски купувачи, со што се нарушува редовното снабдување на домашниот пазар, Министерството за економија во текот на вчерашниот ден достави известување до сите трговци да ја ограничат продажбата на масло за јадење. За да се одржува тековната состојба на домашниот пазар со масло од сончоглед за јадење во продавниците и да се избегне пореметувања од непотребна појава на недостаток на масло од сончоглед за кај трговците на мало, ограничувањето по купувач ќе важи до 31 мај 2022 година“, вели министерот Бектеши.

    Од министерството ги замолуваат трговците на мало во случај кога купувач бара да купи поголеми количини на масло од сончоглед за јадење во текот на денот, веднаш да го известат Државниот пазарен инспекторат.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира