ПРОДОЛЖЕН КУЌНИОТ ПРИТВОР И ЗА ПАНДЕЛЕСКИ И ЈОСИФОВИЌ ЗА „ИМПЕРИЈА“

    ПРОДОЛЖЕН КУЌНИОТ ПРИТВОР И ЗА ПАНДЕЛЕСКИ И ЈОСИФОВИЌ ЗА „ИМПЕРИЈА“Цветан Панделески беше уапсен на 9 ноември 2018 година, како осомничен во истрагата на СЈО „Империја“ за перење пари. (Фото: СДК.МК)

    Апелациониот суд денеска го продолжи куќниот притворот на Цветан Панделески и Ненад Јосифовиќ, осомничени во случајот на Специјалното јавно обвинителство „Империја“. Вчера Апелација го продолжи домашниот притвор и за осомничениот Јордан Камчев.

    На осомничените Зорица Арсовска и Тодор Мирчевски домашниот притвор им се укинува бидејќи СЈО за нив не побара продолжување на мерката. За осомничениот Тодор Мирчевски, покрај веќе изречената мерка на претпазливост односно одземање на патна исправа, СЈО до Основен суд Скопје 1 Скопје достави барање за определување на дополнителна мерка на претпазливост – јавување во суд еднаш неделно кај службено лице.

    За осомничената Зорица Арсовска, покрај веќе изречената мерка на претпазливост – одземање на патна исправа, доставено е барање за определување на дополнителни мерки на претпазливост – јавување во суд еднаш неделно кај службено лице, забрана за посетување на деловните простории каде што осомничената работи, како и забрана за преземање на определени работни активности од дома, а кои се поврзани со правните лица предмет на истрагата.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира