ПРОФЕСОРКАТА ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА И ОФИЦИЈАЛНО ЕДЕН ОД КАНДИДАТИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ

    ПРОФЕСОРКАТА ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА И ОФИЦИЈАЛНО ЕДЕН ОД КАНДИДАТИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИВладо Мисајловски кажа дека на огласот на ВМРО-ДПМНЕ се пријавиле 10-мина кандидати, но една од кандидатурите е отфрлена, бидејќи не бил запазен рокот. (Фото: ВМРО-ДПМНЕ)

    Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски потврди дека професорката од Правниот факултет Гордана Силјановска е една од пријавените за кандидат на опозициската партија на претседателските избори напролет. На прес-конференција пред малку, Мисајловски кажа дека на огласот на ВМРО-ДПМНЕ се пријавиле 10-мина кандидати, но една од кандидатурите е отфрлена, бидејќи не бил запазен рокот.

    Мисајловски ги соопшти деветте имиња, од кои на партиската конвенција на 16 февруари ќе биде избран претседателски кандидат: Никита Шекутковски – професор, Ѓорѓи Манасков – претседател на Стопанска комора за енергетика, Васко Костов – фармацевт, Влатко Ѓорчев – пратеник, Гордана Силјановска – професор, Илија Димовски – професор во пензија, Филип Петровски – ексдиректор на Архив, Горан Ангелов – експратеник, Сашо Кутлешовски – професор.

    Мисајловски рече дека на сите пријавени ќе им биде овозможен еднаков пристап до општинските комитети за да ги презентираат своите програми и уште еднаш побара предвремени парламентарни избори заедно со претседателските избори.

    За претседателските избори кои треба да се одржат на 21 април и 5 мај, покрај ВМРО-ДПМНЕ оглас за пријавување кандидатури распиша и СДСМ.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира