ПРОМЕТЕЈ ДОБИ БОЈА ОД ДЕМОНСТРАНТИТЕ ВО СКОПЈЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:44:"Скопје(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПРОМЕТЕЈ ДОБИ БОЈА ОД ДЕМОНСТРАНТИТЕ ВО СКОПЈЕ

    Демонстрантите кои веќе стасаа до Собранието на Македонија фрлија боја врз споменикот на Прометеј, уште едно одбележје на проектот Скопје 2014, јавуваат репортерите на СДК.МК. Споменикот е розово црвен, а околу него пишува „Обоена револуција“.

    Споменикот на основачите на ВМРО не е обоен. На него е напишано „ВМРО не е еднакво на ДПМНЕ“.

    Во центарот на градот продолжува обоената пролет што започна минатата недела со боењето на Триумфалната капија и во понеделникот со боењето на водата во фонтаната на Александар Македонски.

    Протестот е во тек и не е јасно која ќе биде вечерашнава цел на демонстрантите.

    Фото:СДК.МК

    Фото:СДК.МК

    Протестот во Скопје го организира граѓанската инцијатива „Протестирам“. Тие бараат итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), итна и неотповиклива оставка на претседателот Ѓорге Иванов, произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО, формирање специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО, итно повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни, задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата, формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.

    За денеска се најавени и три контрапротести на Граѓанското движење за одбрана на Макеоднија (ГДОМ) што ја поддржува владејачката ВМРО-ДПМНЕ и изборите на 5 јуни. Протести ќе има во Кавадарци и Битола во 19 часот и во Охрид во 18 часот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари