ПРОПАДНА СЕДНИЦАТА НА АД ХОК ТЕЛОТО ЗА МЕДИУМИ, ДИМИШКОВА И ЧИЛИМАНОВ НЕ ДОЈДОА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПРОПАДНА СЕДНИЦАТА НА АД ХОК ТЕЛОТО ЗА МЕДИУМИ, ДИМИШКОВА И ЧИЛИМАНОВ НЕ ДОЈДОА

    Привремената комисија за следење на медиумското преставување денес не се состана поради отсуството на членовите предложени од ВМРО-ДПМНЕ Слаѓана Димишкова и Цветин Чилиманов. На состанокот присутни беа членовите Горан Трпеноски и Љубомир Костовски, кои се предложени од СДСМ. По еден час чекање да дојдат сите членови, заклучиле дека состанокот нема да се одржи.

    „Ние стоиме на услуга на политичките фактори ако изнајдат решение за излез од блокадата“, изјавија присутните членови на телото.

    Привременото тело ад хок тело за следење на медиумите за изборите вчера го проби крајниот рок да се комплетира, откако четворицата членови не успеаја да го изберат петтиот член, кој е предвидено да биде Албанец. Од предложените кандидати, во најтесен круг влегле Даут Даути и Сефер Тахири, но за ниту еден од нив четворицата други колеги не успеле да се договорат.

    Сега на ред е Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, која денеска треба да констатира дека петтиот член не е избран и за тоа да го извести Собранието, кое ќе треба да најде решение за да не дојде до одложување на изборите, неофицијално дознава САКАМДАКАЖАМ.МК.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари