ДЕМОНСТРАНТИТЕ РАЗБИЕНИ, ПОЛИЦИЈАТА ПРИВЕДЕ НЕКОЛКУМИНА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДЕМОНСТРАНТИТЕ РАЗБИЕНИ, ПОЛИЦИЈАТА ПРИВЕДЕ НЕКОЛКУМИНА

    Полицијата ги разби деминстрантите во центарот на Скопје и сега ги гони по околните улици, јавуваат репортерите на СДК.МК. Неколкумина се приведени. Еден фоторепортер е повреден.

    Пред тоа демонстрантите влегоа во демолираната канцеларија на претседателот на државата во центарот на Скопје и го запалија намештајот.

    Граѓаните што протестираа против одлуката на претседателот да ги помилува политичарите за кои има предистражна, истражна постапка или правосилна судска одлука се обидоа да го пробијат полицискиот кордон пред Собранието на Македонија, а потоа ја каменуваа канцеларијата за односи со граѓаните на шефот на државата.

    Потоа беше каменувано и Министерството за правда. Полицијата се судри со граѓаните кои сакаат да одат да ја демолираат зградата на ВМРО-ДПМНЕ.

    Ситуацијата на моменти е тензична. Во првата линија има и полесно повредени, јави Телевизија Телма.

    протест собрание

    Мирниот протест ескалираше кога демонстрантите тргнаа кон седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

    Демонстрантите по неуспешниот обид се упатија повторно кон канцеларијата на претседателот и ја каменуваа. Дуќанот е речиси демолиран.

    До кошкање со полицијата дошло кога демонстрантите се обиделе да тргнат кон седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

    GDOM1

    Демонстрантите предводени од ГДОМ на пат кон седиштето на СДСМ

    Другиот протест кој го организираше ГДОМ, што е свикан против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да ги помилува Зоран Заев и Зоран Верушевски заврши. Демонстрантите си заминаа од пред седиштето на СДСМ и се упатија кон автобусите што беа паркирани спроти хотелот Холидеј Ин.

    Полицијата не дава двете групи да дојдат до близок контакт.

    ПОВРЕДЕН

    Повреден фоторепортер (аматерска фотографија)

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари