ПРОТЕСТ ВО СКОПСКО ЧЕНТО СРЕДЕ ПОЛИЦИСКИ ЧАС ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ТРОЈЦА ПРИВЕДЕНИ ЗА НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС

    ПРОТЕСТ ВО СКОПСКО ЧЕНТО СРЕДЕ ПОЛИЦИСКИ ЧАС ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ТРОЈЦА ПРИВЕДЕНИ ЗА НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАСГрадоначалникот на Гази Баба Борис Георгиевски дојде на протестот и им вети на насобраните граѓани дека ќе отиде во полициска станица и ќе ги земе со него приведените. (Фото: Јутјуб/принтскрин)

    Во скопската населба Ченто ноќва на протест излегоа стотина луѓе среде полициски час, незадоволни што полицијата привела тројца нивни сограѓани за непочитување на полицискиот час, според видеата објавени на социјалните мрежи.

    На протестот дојде и градоначалникот на Гази Баба Борис Георгиевски, кој, како што се слуша на видеата, им вети на насобраните граѓани дека ќе оди во полициската станица и ќе ги ослободи приведените.

    Толпата се разотиде откако приведените беа ослободени.

    Засега нема официјални информации од МВР за случајот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира