ПРОТЕСТИТЕ ЌЕ ПРАЗНУВААТ, НА ДЕМОНСТРАНТ ПРОДОЛЖЕН ПРИТВОРОТ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПРОТЕСТИТЕ ЌЕ ПРАЗНУВААТ, НА ДЕМОНСТРАНТ ПРОДОЛЖЕН ПРИТВОРОТ

    Здружението „Протестирам“ за денеска попладне нема најавено протести. На демонстрантите што вчера маршираа низ Скопје не им беше речено дали протестите ќе продолжат за време на продолжениот викенд за Велигден и Први мај. Изостана повикот „Секој ден во 6“.

    Синоќа маршот на Шарената револуција помина мирно и заврши пред Владата каде што демонстрантите запалија слики од Ѓорѓе Иванов и од Никола Груевски. Тие претходно на оградата поставија големи портрети од претседателот на Републиката, Иванов и од поранешниот премиер Груевски. Кај поранешниот премиер стоеше објаснување – мафија, а кај претседателот – аболиција. Балони со боја завршија на лицата на двајцата и на двајцата демонстрантите им допишаа „Готов си“.

    Фото: СДК.МК

    Фото: СДК.МК

    Во исто време на еден од демонстрантите на кои им беше одредена мерка осумдневен домашен притвор од вчера му беше продолжена мерката на 30-дневен притвор.

    Борјан Ефтимов кој беше притворен за учество во толпа за време на демолирањето на Канцеларијата на претседателот на 13 април, синоќа од домашно заточеништво им се обрати на шарените револуционери што се на слобода да излезат на улица „за да не бидете Вие следните кои што ќе трпат психичка тортура и ќе бидат угнетувани во лавиринтите на овој режим.“

    Неговиот повик го поддржуваат пријателите и негодуваат дека додека “револуционерите“ паузираат, контрареволуционерите ќе апсат и ќе ставаат во притвори.

    Борјан е студент на Правниот факултет и како што вели се срами што студира право „во земја во која студенти се тепани, уште од првата архибригада па до денес, и носителите на власта ги кршат сите закони, а истовремено за учество во толпа се изрекуваат енормни притвори, додека пак за криминалци ниту има казна, ниту има постапка или пак притвор, туку има само аболиција.“

    Вчера беше петнаесеттиот ден од почетокот на демонстрациите организирани од граѓанската организација „Протестирам“. Граѓаните бараат повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), итна и неотповиклива оставка на претседателот Ѓорге Иванов, произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО, формирање специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО, итно повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни, задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата и формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари