ПРВ БРАТУЧЕД НА ЗАЕВ КУПИЛ ОРАНЖЕРИЈА ЗА ДА ПРОИЗВЕДУВА ЛЕК ОД КАНАБИС, ПОТВРДИ ПРЕМИЕРОТ

    ПРВ БРАТУЧЕД НА ЗАЕВ КУПИЛ ОРАНЖЕРИЈА ЗА ДА ПРОИЗВЕДУВА ЛЕК ОД КАНАБИС, ПОТВРДИ ПРЕМИЕРОТПремиерот Зоран Заев кажа дека е етички и законски дозволено да се произведува лек од канабис, без разлика дали станува член или не на семејството Заеви (Фото: СДК.МК)

    Премиерот Зоран Заев на денешните пратенички прашања во Собранието потврди дека неговиот прв братучед Трајче Заев ја купил оранжеријата на фирмата „Мам“ за да произведува лек од канабис.

    „Точно е дека мојот прв братучед Трајче Заев ја купи оранжеријата на фирмата ‘Мам’ за да произведува канабис. Вкупната инвестиција ќе биде повеќе од 10 милиони евра, а во моментов се вработени скоро 30 граѓани од Свети Николе“, одговори Заев на прашањето на Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ.

    Заев кажа дека е етички и законски дозволено да се произведува лек од канабис, без разлика дали станува член или не на семејството Заеви.“

    „Секој што има ресурси нека вложи во оваа дејност зашто е профитабилна. Јас поддржувам вакви работи, зашто од производство на лек од канабис државата очекува нови работни места и прилив од 100 милиони евра“, рече премиерот Заев.

    Досега државата имала издадено осум лиценци за производство, а уште неколку биле во процедура.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира