ПРВ РАСПИТ КАЈ ОБВИНИТЕЛ НА ПРИТВОРЕНИТЕ ЗА ПРЕТЕПУВАЊЕТО ДО СМРТ НА МОМЧЕТО ВО АВТОКОМАНДА

    ПРВ РАСПИТ КАЈ ОБВИНИТЕЛ НА ПРИТВОРЕНИТЕ ЗА ПРЕТЕПУВАЊЕТО ДО СМРТ НА МОМЧЕТО ВО АВТОКОМАНДАНасер Рауфи (лево), бранител на првоосомничениот и Асмир Алиспахиќ, адвокат на вториот осомничен за претепувањето до смрт на Никола Саздовски, на денешниот прв распит во Скопското обвинителство (СДК.МК)

    На однапред договорен термин во Скопското обвинителство, за насилство со тешки телесни повреди врз Никола Саздовски кој подоцна почина од повредите, денеска дојдоа на прв распит осомничените двајца Б. Б. (20), С. Д. (21), но  истрагата е на почеток. Денеска првпат доаѓаат во Обвинителството и пред обвинител  се запознаваат со доказите во момент кога обдукцијата уште не е завршена. Во кривично дело насилство за кое се притворени двајца од насилниците, во став 6 е нормирана и настаната тешка телесна повреда или смртна последица од извршеното насилство.

    Асмир Алилспахиќ, адвокатот на второосомничениот, рече дека тој првпат се гледа денеска со осомничените како нивни бранител. На новинарско прашање дали ќе се преквалифукува првичното кривично дело насилство со тешки телесни повреди, адвокатот рече дека е уште рано да се каже било што. Тој вели дека е убеден оти Обвинителството најпрофесионално ќе ја истера оваа истрага, и апелираше овој случај со трагична загуба на семсјството на починатото момче да не се злоупотребува во политички или какви било други цели и скриени намери на поедницни и групи.

    Двајцата осомничени беа спроведени од затворот Шутка, каде се со мерки притвор.

    Никола Саздовски (21) од скопската населба Кисела Вода беше претепан до смрт на 29 јуни околу 17,30 часот во Скопје на автобуска постојка на булевар Александар Македонски во Автокоманда. Тројцата притворени напаѓачи физички го нападнале Никола, по што тој беше пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ Скопје. Саздовски почина на 9 јули.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари