Шеесетгодишна жена од селото Челопек, Старо Нагоричане е првата жртва во пожарите кои ја зафатија земјава. Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов на денешната прес-конференција потврди дека синоќа во пожарот кој ги зафати селата во Општина Старо Нагоричане, во една од изгорените куќи се наоѓала жена.
„Апелирам до граѓаните веднаш да ги напуштат домовите кога огнот ќе ги зафати. Знам дека е многу тешко да се одвоиш од домот, тоа го видовме на терен овие денови, но ништо не е поважно од животот. Куќите повторно ќе се изградат, а граѓаните ќе добијат и помош од државата“, рече Ангелов.
Пожарот во Старо Нагоричане уште е активен.
А. АНТЕВСКА