ПРВО ЖИТЕЛИТЕ НА ДЕБАР ЌЕ СЕ ТЕСТИРААТ ВО ТРИ КАТЕГОРИИ, А ВО ИДНИНА И ЦЕЛА ДРЖАВА, КАЖА ФИЛИПЧЕ

    ПРВО ЖИТЕЛИТЕ НА ДЕБАР ЌЕ СЕ ТЕСТИРААТ ВО ТРИ КАТЕГОРИИ, А ВО ИДНИНА И ЦЕЛА ДРЖАВА, КАЖА ФИЛИПЧЕ„Тестирањето на три категории граѓани е стратегија што во наредните месеци ќе се направи во наредните месеци“, кажа министерот. (Фото: Ѓ. Личовски )

    Испратени се тестови за скринингот кој ќе се спроведе во Дебар и ќе се направи распоред за тестирање на граѓаните во три категории, најави министерот за здравство Венко Филипче. Бројката на вкупно заразени со коронавирус во Дебар е 51. Од 13 март до 13 април во Општините Дебар и Центар Жупа  имаше кризна состојба, која беше воведена март заради спречување на ширење на коронавирусот.

    „Состојбата во Дебар е стабилна, таму се активни тројца случаи, нема нови случаи и во консултација со матичните лекари сметаме дека е добра основа за скрининг. Тестирањето на три категории граѓани е стратегија што во наредните месеци ќе се направи во наредните месеци“, кажа министерот преку онлајн прес-конференцијата. Тој е во самоизолација од 17 април, по состанокот со кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, кој на 16 кажа дека е тестиран позитивен. Филипче вчера беше тестиран и е негативен на КОВИД-19, но кажа дека ќе остане уште шест дена во карантин согласно препораките на епидемиолозите за периодот на инкубација.

    Стигнати се 12 респираторни машини и 5 илјади заштитни маски н95, донација вредна 4 милиони евра од Европската Унија. Маските е дел од вкупно 20-те маски кои треба да пристигнат, и ќе бидат распределени на Инфективната клиника во Скопје и во Градската општа болница „8 Септември“.

    Во функција е ставена амбулантското одделение на Институтот за рехабилитација во Козле, каде имаше заболен пациент и медицински персонал. Филипче, кажа дека вработените биле асимптоматски, петмина се излекувани, а за петмина се чекаат контролните брисеви.

    Министерот говореше за задолжителното носење на маски, иако според препораките на Светската здравствена организација (СЗО) првично тоа не беше препорачливо.

    „ Точно е дека иницијално не беа препорачани, но излегоа други искуства од земјите, и имајќи го предвид не точно предвидениот начин на пренесување, освен веќе докажаните и фактот дека има голем број на асимптоматски случаи, ние ја воведуваме оваа мерка која ќе придонесе за намалување на ширењето на заразата. Во однос на ракавиците, доколку се внимава и не се манипулира да се допира устата, и се мијат често рацете, сметам дека само маската е неопходна заштита“, кажа тој.  Филипче смета дека граѓаните сега се посвесни од почетокот и дека генерално ги почитуваат препораките. Додаде дека мерките за заштита ќе останат и во иднина, и после укинувањето на вонредната состојба.

    Во изминатото деноноќие триесет и шест лица се оздравени, има 26 нови потврдени случаи на КОВИД-19, а едно лице почина, а направени се 408 теста. Оздравени пациенти на домашно лекување се евидентирани во: Скопје- 15, Прилеп- 6, Велес- 3, Кочани -2, Пробиштип-1 и Штип -7.

    На Инфективната клиника во Скопје почина пациент на 80 години од Скопје, лекуван на клиниката од 21 април. Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во нашата земја изнесува 1.326, од кои 337 излечени и 57 починати.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира