Попладнево случајни минувачи пријавиле во МВР дека непознато лице кај трговскиот центар „Лептокарија“ во скопски Карпош пукало со пиштол во друго лице. МВР ја потврди информацијата, кажа и дека нема повредени.
Пријавувачот не е лице во кое е пукано, само е очевидец. Најверојатно пукањето не било меѓу автомобили во движење. Лицата кои се спречкале со оружје на паркингот не се таму, МВР врши увид на местото и го бара лицето кое пукало. На паркингот кај што се случила престрелката има безбедносни камери.
Нема материјална штета. Увидот е во тек.
С. К. ДЕЛЕВСКА