ПУКАЊЕ НА МАТКА ПО РАСПРАВИЈА ЧИЈ ЧАМЕЦ ПРВ ДА ВЛЕЗЕ ВО ПЕШТЕРАТА

    ПУКАЊЕ НА МАТКА ПО РАСПРАВИЈА ЧИЈ ЧАМЕЦ ПРВ ДА ВЛЕЗЕ ВО ПЕШТЕРАТАВо тепачката учествувале 10 лица, МВР го расчистува инцидентот што се случил кај дивата платформа на Матка. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Во тепачка меѓу десет луѓе на Кањон Матка денеска околу 15 часот, испукан бил еден куршум, но за среќа не погодил никого, вели МВР по првичниот увид. Се тепале две групи, во врска со движењето на чамците за туристи, во правец кон пештерата.

    Полицијата го знае идентитетот на учесниците во тепачката. Лiцето М. С. со уште неколкумина, првин физички ги нападнале А. С. и А. С. и притоа некој од нив пукал со пиштол. Досега, вели полицијата нема пријавено повредени од пукањето.

    МВР го расчистува случајот, се очекува да каже и кој стопанисувал со чамците и со дивата платформа на Матка каде што се случи инцидентот.

    Платформите кои се изградени диво и немаат дозвола за работа и на кои се изнајмуваат чамците за прошетки низ езерото не се регистрирани за воден сообраќај. Чамците со кои се превезуваат туристи не се контролирани од ниедна институција во државата.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира