РАКОМЕТНОТО ПРВЕНСТВО ПРЕКИНАТО НА 15 ДЕНА ПО ЗГОЛЕМЕНИОТ БРОЈ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС ВО КЛУБОВИТЕ

    РАКОМЕТНОТО ПРВЕНСТВО ПРЕКИНАТО НА 15 ДЕНА ПО ЗГОЛЕМЕНИОТ БРОЈ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС ВО КЛУБОВИТЕГолден арт КЛ 7 е еден од петте клубови каде што има заразени играчи (Фото: КЛ7)

    Ракометната федерација на Македонија донесе одлука целосно да ги прекине натпреварите во домашното првенство откако се зголеми бројот на играчи заразени со коронавирус.

    Натпреварите од А групата од машката Суперлига беа прекинати уште на 17 септември откако коронавирусот беше регистриран во Голден арт КЛ 7 и Радовиш, а сега на 15 дена во мирување е ставена и Б групата. Ова следува откако тимот на Работнички пред неколку дена пријави повеќе од десет заразени играчи.

    Освен овие три екипи, коронавирусот досега е откриен и во редовите на Охрид и Струга, кои се натпреваруваат во А групата.

    „По завршувањето на 15-дневниот период, Ракометната федерација на Македонија ќе спроведе повторен скрининг, пред да се донесе одлука за продолжување на натпреварувањето“, соопшти Федерацијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира