РАКОВОДСТВОТО ГАЗИ ЖИВИ ЛУЃЕ, КАЖА РАНГЕЛОВА И ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА УНИЈАТА НА ЖЕНИ НА ВМРО-ДПМНЕ

    РАКОВОДСТВОТО ГАЗИ ЖИВИ ЛУЃЕ, КАЖА РАНГЕЛОВА И ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА УНИЈАТА НА ЖЕНИ НА ВМРО-ДПМНЕОставките доаѓаат по серијата исклучувања од партијата поради гласањето на осуммина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за започнување на уставните измени.- Даниела Рангелова во Собранието (Фото: СДК.МК)

    Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова поднесе оставка од функцијата. Таа оставката ја дава со образложение дека не може да биде дел од раководство што ја турка партијата во изолација.

    „И покрај предлогот на претседателот Христијан Мицкоски, да останам да ја водам Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ до крајот на мојот мандат, јас донесов одлука да поднесам неотповиклива оставка на функцијата. Оставката ја поднесувам поради очигледните несогласувања со политиките на раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Јас не можам да прифатам да бидам дел од расипани токсични игри водени од амбицијата да се нахранат неколку суети. Да имаш амбиција е позитивно, но да бидеш спремен да газиш преку живи луѓе само за да го задоволиш сопственото его и желбата за моќ е неприфатливо“, вели пратеничката Рангелова.

    Оставка претходно си поднесе координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев.

    Оставките доаѓаат по серијата исклучувања од партијата поради гласањето на осуммина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за започнување на уставните измени.

    ВМРО-ДПМНЕ ги исклучи од партијата пратениците Елизабета Канческа-Милевска, Емилија Александрова, Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Нола Исмајлоска-Старова, Љубен Арнаудов и Зеќир Рамчиловиќ. Од партија беше исклучен и Сашо Мијалков, поранешен директор на УБК.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира