РАСПИШАНА ПОТЕРНИЦА ПО ГРУЕВСКИ, МВР ПОЧНУВА ДА ГО БАРА

    РАСПИШАНА ПОТЕРНИЦА ПО ГРУЕВСКИ, МВР ПОЧНУВА ДА ГО БАРАОткако исчезна во петокот, никој не знае каде се наожа пратеникот Груевски - од едно од судењата на бившиот премиер - (Фото: Ѓ. Личовски)

    МВР по известување од Кривичниот суд дека не може да ги пронајде осудениот Никола Груевски да му врачи решение веднаш да се упати во затвор попладнево распиша потерница по него.

    “Ве известуваме дека Основниот суд Скопје 1 издаде наредба за приведување на лицето за кое прашувате и на 12.11.2018 во 16:30 часот ја достави до СВР Скопје и побара издавање на потерница. Министерството за внатрешни работи веднаш откако му беше доставена, постапува по наредбата”, соопшти МВР по серијата прашања денеска каде е осудениот Груевски четири дена.

    Оној момент кога ќе го најде, МВР присилно ќе го спроведе во затворот Шутка.

    Досега никој од семејството, ни сопругата Боркица, ни мајката Нада, четири дена колку што го нема Груевски, не пријавиле во полиција дека е исчезнат.

    Груевски требаше во петокот доброволно да се јави на издржување на двегодишната затворска казна за незаконската набавка на луксузниот мерцедес од парите на МВР, која се случила откако побарал од сега осудената Гордана Јанкулоска да се набави за него токму мерцедес С-гард. Иако, имало и поевтини блиндирани возила од други марки, стои и во пресудата од Основниот суд Скопје 1, потврдена од Апелација.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира