РАСПОПЕН ПОП ПОВРЕДИ НОВИНАР ВО БИТОЛА

    РАСПОПЕН ПОП ПОВРЕДИ НОВИНАР ВО БИТОЛА

    Новинар од Битола беше повреден за време на вечерашните протести, јавуваат репортерите на САКАМДАКАЖАМ.МК. Новинарот ни изјави дека бил нападнат додека ги фотографирал битолчаните кои се собирале да протестираат пред Офицерскиот дом. Напаѓачот не бил дел од толпата која протестирала, туку минувач, кој го удрил по глава новинарот од зад грб.

    Неколку стотици битолчани и вечерва бараа оставка од градоначалникот Владимир Талески. Демонстрантите ја обоија општинската фасада фрлајќи со балони со различна боја.

    Според повредениот новинар, напаѓачот е распопен поп, жител на Битола.

    Новинарот побара лекарска помош. Случајот е пријавен во битолската полиција. Повредениот е долгогодишен битолски новинар и фотограф.

    Демонстрантите апелираа битолчани да не ги злоупотребуваат протести за на нив да напаѓаат новинари.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари