РАСПРАВАТА МНОГУ НАЛИКУВА НА АПРИЛ, ОТКАЖЕТЕ СЕ ОД БЕСМИСЛЕНИТЕ ДИСКУСИИ, ПОБАРА ТУНТЕВ ОД ОПОЗИЦИЈАТА

    РАСПРАВАТА МНОГУ НАЛИКУВА НА АПРИЛ, ОТКАЖЕТЕ СЕ ОД БЕСМИСЛЕНИТЕ ДИСКУСИИ, ПОБАРА ТУНТЕВ ОД ОПОЗИЦИЈАТАКоординаторот на СДСМ Томислав Тунтев пак ја повика опозицијата да престане со блокирање на расправата за разрешувањето на Марко Зврлевски. (Фото: СДК.МК)

    Денешното продолжение на седницата за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски продолжи по стар терк, со меѓусебни реплики и контрареплики на пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

    Координаторот на СДСМ Томислав Тунтев пак ја повика опозицијата да престане со блокирање на расправата за разрешувањето на Зврлевски, бидејќи, како што кажа, расправата е безмислена и заличува на бурлеска.

    „Ние не учествуваме во бесмислена расправа. Ова е бурлеска. Членот 8-а од Изборниот законик се однесува за вработување или за престанок на работниот однос, а не за разрешување или именување на функционер. Во случајот со Марко Зврлевски не се работи за престанок на работата. Тој само се разрешува од функцијата државен јавен обвинител, не му престанува работниот однос, тој си продолжува да биде обвинител. Ова многу ми наликува на април и затоа барам да се прекине со бесмислените дискусии и да се разреши Марко Зврлевски за да се овозможат реформите во судството да почнат“, рече Тунтев.

    Илија Димовски му реплицираше на Тунтев дека почитува што се откажале од дискусиите за Зврлевски, но и за Договорот со Бугарија, за депонијата во Струга.
    „Не се откажавте од разрешувањето на директорите, не се откажавте од незаконските систематизации по институциите. Не се откажавте од ставање на директори со антидатиран датум, ги именувате по распишувањето на изборите, а ставате датуми дека тоа е направено пред тоа“, рече Димовски.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира