РАСПРАВАТА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НЕ ПОЧНА ВО СОБРАНИЕТО, СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ СЕ ИСКАРАА КОЈ ПОВЕЌЕ СЕ ПЛАШИ ОД ИЗБОРИ

    РАСПРАВАТА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НЕ ПОЧНА ВО СОБРАНИЕТО, СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ СЕ ИСКАРАА КОЈ ПОВЕЌЕ СЕ ПЛАШИ ОД ИЗБОРИКоординаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски вели дека власта ништо не сработила за три години, а сега на ден пред распуштање на Собранието доставувале нови закони. (Фото: К. Попов)

    Со меѓусебни обвинувања на координаторите на СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ, Јован Митревски и Никола Мицевски, за тоа кој се плаши од избори на 12 април денеска почна собраниската седница за Законот за Јавно обвинителство. Првин, претседателот на Собранието Талат Џафери одговори на обвинувањата дека намерно не закажува собраниски седници за Законот за Јавно обвинителство и за предлогот за разрешување на министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи.

    „Меѓу пратеничките групи имаше дилеми и заради тоа ги повикав на координација кај мене. Цел ден потегни, повлечи и после претседателот бил крив зошто не е закажана седницата. Јас сум тој што дневно закажувал по 5 седници“, рече Џафери.

    Координаторот на СДСМ Јован Митревски им рече на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дека го блокираат донесувањето на Законот за Јавно обвинителство.

    „Ајде денеска да го донесеме законот и одма одиме на избори, еве ќе потпишам на овој лист“, рече Митревски.

    Пратениците на СДСМ и министерката за правда Рената Дескоска  нема да се пријават за збор, за, како што велат, да се заштеди на време, и го побараа тоа и од колегите од опозицијата.

    Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски му одговори дека ништо не сработиле за три години, а сега на ден пред распуштање на Собранието доставувале нови закони.

    „Сакате да избегате од избори, но народот гледа и нема да ви успее планот“, рече Мицевски.

    Спикерот Џафери потоа на барање на Мицевски даде пауза од еден час.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира