РАСТЕ БРОЈОТ НА НОВИ БОЛНИ И СМРТНИ СЛУЧАИ ОД РАК НА ДОЈКА, ВЕЛИ ИНСТИТУТОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ

    РАСТЕ БРОЈОТ НА НОВИ БОЛНИ И СМРТНИ СЛУЧАИ ОД РАК НА ДОЈКА, ВЕЛИ ИНСТИТУТОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕРакот на дојка е на прво место во бројот на новорегистрирани случаи од малигни неоплазми кај жени во  Македонија во периодот 2017-2021 година. -Клиника за онкологија. (Фото: К. Попов)

    Изминативе четири години расте бројот на смртни случаи од рак на дојка, вели Институтот за јавно здравје, во чест на одбележувањето на Октомври- Месец против рак на дојка.

    Новиот извештај вели дека во Македонија најчеста причина за смрт од малигни неоплазми кај жените во периодот 2010-2023 година е ракот на дојка.

    Од рак на дојка во 2010 починале 310 жени со стапката на морталитет од 30,0/100000 жени, во 2021  337 жени со стапка од 32,6, во 2022 година 356 жени со стапка од 38,5 и во 2023 година 346 жени со стапка од 37,5 на 100000 жени.

    „Во анализираниот период се забележува тренд на пораст на бројот на умрени жени од рак на дојка“, вели ИЈЗ.

    Ракот на дојка е на прво место во бројот на новорегистрирани случаи од малигни неоплазми кај жени во  Македонија во периодот 2017-2021 година.

    Во 2017  биле регистрирани 808 новозаболени жени од рак на дојка со стапка на инциденца 78.03/100000 жени, во 2019 година 778 со стапка на инциденца 75.13/100000 жени, а во 2021 година 806 со стапка на инциденца 87.08/100000 жени. Во анализираниот период бројот на новозаболени жени од рак на дојка осцилира.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира