РАЗРЕШЕН МАРКО ЗВРЛЕВСКИ

    РАЗРЕШЕН МАРКО ЗВРЛЕВСКИДржавниот обвинител Марко Зврлевски на 12 јули, кога почна расправата за негово разрешување во Собранието. (Фото: СДК.МК)

    Собранието го разреши државниот јавен обвинител Марко Зврлевски. За негово разрешување гласаа 64 пратеници, а немаше против и воздржани. ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваше на гласањето. Разрешувањето беше поздравено со аплауз од пратениците на мнозинството.

    Предлогот на Владата за негово разрешување беше ставен на расправа во Собранието на 12 јули, а дискусијата траеше до вчера, кога пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се откажаа од понатамошна дебата. Најголемата опозициска партија се повика на мислењето на Антикорупциската комисија, која што тврди дека разрешувањето на Зврлевски во предизборен период, било кршење на Изборниот законик.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира