РАЗРЕШЕН СУДИЈАТА ЛАЗАР НАНЕВ, 97 ПАТИ ВО НЕКОЛКУ ДЕНА СЕ СЛУШНАЛ ПО ТЕЛЕФОН СО ОБВИНЕТ БИЗНИСМЕН КОГО ГО ОСЛОБОДИЛ ОД ОБВИНЕНИЕ

    РАЗРЕШЕН СУДИЈАТА ЛАЗАР НАНЕВ, 97 ПАТИ ВО НЕКОЛКУ ДЕНА СЕ СЛУШНАЛ ПО ТЕЛЕФОН СО ОБВИНЕТ БИЗНИСМЕН КОГО ГО ОСЛОБОДИЛ ОД ОБВИНЕНИЕВо мирување се уште две претставки за разрешување на Нанев (прв од лево) - (Фото: СДК.МК)

    Судскиот совет денеска на затворена седница за јавноста го разрешил судијата од кавадречкиот суд Лазар Нанев, за 97-те јавувања во неколку дена на странка (обвинет), во предмет што го судел лично тој, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК. Уште лани Вишиот јавен обвинител на Скопје Мустафа Хајрулахи го пријавил Нанев во Судскиот совет, обезбедувајќи доказ-листинг од јавувањата по телефон од страна на судијата Нанев.

    За притисоци и недолично однесување него го пријавила и обвинителка од Кавадарци.

    Додека трае жалбената постапка, во мирување се другите две претставки за разрешување на Нанев, бидејќи судија не може повеќе од еднаш да се разрешува. Едната е од претседателката на Судскиот совет Весна Дамева, против која тој усно и на писмено изнел многу навреди, а другата е од адвокатка од Кавадарци која наводно Нанев вулгарно ја навредувал и ѝ се заканил пред семејството.

    Дициплинските постапки за Нанев за телефонски повици кон обвинетиот Вачно Кузманов, сопственик и управител на фирмата „Анго Вест ДООЕЛ“, кого Нанев го ослободил и за навредувањето на Дамева, беа јавни. Денеска Нанев се премислил и пак по негово барање, седницата беше без новинари.

    Претставката од адвокатката се води на затворени седници.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира