РЕК БИТОЛА РАСПИША ТЕНДЕР ЗА НАБАВКА НА ФИЛТРИ ОД 20 МИЛИОНИ ЕВРА

    РЕК БИТОЛА РАСПИША ТЕНДЕР ЗА НАБАВКА НА ФИЛТРИ ОД 20 МИЛИОНИ ЕВРАПремиерот Зоран Заев ја најави инвестицијата на компанијата при посетата на РЕК Битола. (Фото: Влада)

    РЕК Битола распиша тендер за набавка на филтри. Со новите електростатски филтри ќе се намали издувот на прашина од 100 милиграми на помалку од 20 милиграми, а за набавката компанијата ќе инвестира сопствени средства.

    „На 29 март распишан е тендер за набавка и инсталација на нови електростатски филтри во РЕК Битола. Инвестицијата се проценува на 20,4 милиони евра, пари кои компанијата ги обезбедува од сопствени извори. Ме радува фактот што АД ЕСМ и РЕК Битола преземаат чекори во насока на заштита на животната средина за да го подобрат квалитетот на живот на граѓаните во пелагонискиот регион, но и да не дозволат кога ќе дојде моментот за преговори или зачленување на државата во Европската унија, прашањето за заштитата на животната средина да биде еден голем проблем за нашата земја“, кажа премиерот Зоран Заев вчера по посетата на РЕК Битола.

    Од Државните електрани најавија дека наскоро ќе биде објавен и тендер за изградба на ветерен парк во Богданци, втора фаза и тендер за изградба на ветерен парк во Миравци. Наесен се очекува и почетокот на изградбата на топлификацијата кон Новаци, Могила и Битола.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира