РЕМЕНСКИ ГО ПОВИКА ДИМЕ СПАСОВ ДА ДАДЕ ОСТАВКА ОТИ НЕЗАКОНСКИ ВОЗЕЛ СЛУЖБЕНА КОЛА

a:1:{s:9:"td_source";s:44:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    РЕМЕНСКИ ГО ПОВИКА ДИМЕ СПАСОВ ДА ДАДЕ ОСТАВКА ОТИ НЕЗАКОНСКИ ВОЗЕЛ СЛУЖБЕНА КОЛА

    Возилото со кое дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов во петокот вечерта предизвика две сообраќајки е во сопственост на Агенцијата за вработување, која според правилникот, нема правна основа да им дава возила на управување на други лица надвор од агенцијата, изјави министерката за труд и социјална политика Фросина Ременски. Таа го повика Спасов да си даде оставка оти го нарушил угледот на институцијата и возел службена кола за приватни цели.

    Спасов, како што официјално соопшти МВР, во петокот околу полноќ во Скопје возејќи службено возило на Агенцијата за вработување удрил во две возила едноподруго, избегал по обата судири и бегајќи бил запрен од полициска патрола, потоа избегал додека траел увидот и ја оставил сопатничката, а час подоцна на местото на настанот дошол друг човек кој тврдел дека тој возел, но не знаел што точно се случило и полицијата не му верувала.

    „Во случајов Диме Спасов е друго лице затоа што Агенцијата за вработување е под надлежност на Владата, а не каде што организациски припаѓа, во Министерството за труд и социјална работа. Директорот на Агенцијата за вработување го избира Владата и тој одговара пред Владата, а не пред министерот за труд и социјална политика“, рече министерката за труд и социјална политика Фросина Ременски, на прес-конференција.

    Според неа, во правилниците на Агенцијата за вработување никаде нема одредба дека агенцијата има право да ги дава возилата на користење на друго лице. Ременски вели дека дури и да имал заменик министерот Спасов такво овластување за возилото, тоа би било нелегално и по друга основа.

    “Директорот на Агенцијата за вработување чиј мандат е веќе завршен, по вторпат е избран за в.д. директор , што законски не е дозволено. Вториот в.д. мандат му е завршен уште во април“, потенцира Ременски. Со одлука на Владата уште лани во август Министерството за труд и социјална политика на Агенцијата за вработување ѝ отстапило на користење три возила.

    За шоферот што дал лажен исказ дека тој во петокот навечер го возел возилото, Ременски вели дека се работи за лице што пред само неколку месеци било вработено во Министерството и дека не е шофер на Спасов.

    “Денеска разговарав со него и очекувам да даде изјава, да ни одговори на неколку прашања за да знаеме како да постапиме и во рамките на министерството. Ќе го повикам и директорот на Агенцијата за вработување да го разјасни целиот случај и да одговори на прашањата и за несоодветното користење на средствата од ИПА-фондовите, токму во врска со набавка на службени возила“, рече министерката Ременски.

    Ременски рече дека Диме Спасов користел четири возила кога станал министер.

    “Првичната истрага во министерството откри дека заменик министерот Диме Спасов должел две службени возила од Министерството за труд и социјална политика, а со службена картичка го полнел со гориво возилото многу пати. Ќе се поднесе пријава и кон тие што требало да ги контролираат срествата“, изјави министерката Фросина Ременски.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари