РЕНОВИРАНА УРГЕНТНАТА АМБУЛАНТА НА КЛИНИКАТА ЗА ГИНЕКОЛОГИЈА

    РЕНОВИРАНА УРГЕНТНАТА АМБУЛАНТА НА КЛИНИКАТА ЗА ГИНЕКОЛОГИЈААмбулантата е опремена со нови ЦТГ апарати, односно апарати со коишто се регистрира срцевата активност кај бебињата и нов стол за прегледи.(Фото: МЗ)

    Ургентната амбуланта на Клиниката за гинекологија е комплетно реновирана и опрема со нови апарати. Амбулантата која дневно опслужува 50-60 жени со ургентни состојби во областа на гинекологијата, опремена е со нови ЦТГ апарати, односно апарати со коишто се регистрира срцевата активност кај бебињата и нов стол за прегледи.

    „Клиниката за гинекологија и акушерство е институција којашто во целокупниот изминат период најпрво го менаџираше третманот на жените, родилките коишто беа позитивни на коронавирусот со целосно изолирани делови во делот на третманот, интензивното лекување и операциони сали. Веќе неколку месеци во функција е амбулантата за медикаментозен абортус. Со измената во Законот за здравствена заштита, оваа опција сега им се нуди на жените и волјата на жената е ставена на прво место. Изминативе месеци околу 150 жени имале медикаментозен абортус, а 90 стандардна оперативна процедура. Тоа значи дека кај 150 жени согласно индикацијата е избегната оперативната процедура и давањето на анестезијата, што е една значајна придобивка поради тоа што се избегнуваат сите ризици коишто се поврзуваат со оваа интервенција“, рече Филипче при денешната посета на Клиниката за гинекологија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира