РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИТЕ ТРАЈКОВСКИ И БАРДИ И СЕЛЕКТОРОТ МИЛЕВСКИ ДОБИЈА ДИПЛОМАТСКИ ПАСОШИ

    РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИТЕ ТРАЈКОВСКИ И БАРДИ И СЕЛЕКТОРОТ МИЛЕВСКИ ДОБИЈА ДИПЛОМАТСКИ ПАСОШИАлександар Трајковски беше стрелец на голот со кој Макеоднија го совлада акелниот европски првак Италија. (Фото: ФФМ)

    Фудбалските репрезентативци Александар Трајковски и Енис Барди, како и селекторот Боби Милевски добија дипломатски пасоши. Тие денеска во Министерството за надворешни работи се сликаа за пасошите по големиот успех и победата над Италија во бараж натпреварот за пласман на Светското првенство во Катар.

    „Денеска во МНР на Трајковски, Барди и селекторот Милевски ќе им бидат врачени дипломатски пасоши. Тие сега се наши најважни амбасадори и заслужуваат дипломатски пасош. Се надевам ќе продолжат да нè радуваат и во натпреварот со Португалија“, кажа министерот Бујар Османи.

    Македонската фудбалска репрезентација во првиот натпревар oд баражот за пласман на Светското првенство со 1:0 во Палермо ја совлада Италија. Во вторник нашите репрезентативци играат со Португалија во Порто и победникот ќе биде учесник на муднијалот во Катар кој ќе се одржи во декември годинава.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира