РИЗИЧНОТО ОДНЕСУВАЊЕ ДОВЕДЕ ДО ПОРАСТ НА НОВОЗАРАЗЕНИТЕ ОД 19 ОТСТО, ВЕЛАТ ОД ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ

    РИЗИЧНОТО ОДНЕСУВАЊЕ ДОВЕДЕ ДО ПОРАСТ НА НОВОЗАРАЗЕНИТЕ ОД 19 ОТСТО, ВЕЛАТ ОД ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕПораст од 85,9% во споредба со претходната недела има и кај бројот на хоспитализирани пациенти. - Туристи на брод во Охрид (Фото: Ѓ. Личовски)

    Порастот од 19 отсто на новозаразени со коронавирус изминатите седум дена во споредба со претходната недела се должи на ризичното однесување на граѓаните, вели епидемиологот д-р Александар Стојанов в.д. директор на Центар за јавно здравје Скопје. Бројката од 790 позитивни во периодот од 31 август до 6 септември е од 9.734 тестирања, што е за 2% помалку од претходните недела дена.

    „Ризичното однесување резултираше со раст на новозаразените од 19 отсто. Забележителен раст има во неколку градови во источна Македонија, каде што постојано се одржуваат забави. Дополнително, за влез од Албанија не се бараат ПЦР тестови, а таму на одмор беа многу наши сограѓани“, вели д-р Стојанов.

    Минатата недела, најголем процент од новозаразените се од возрасната група од 30-39 години-22%. 17% се на возраст од 40-49 години, а 15% се на возраст од 20-29 години. Регистрирани се 29 лица со историја на патување во последните 14 дена.

    Најголем дел од регистрираните случаи во овој период се од Скопје-28%, а нови позитивни случаи се регистрирани во уште 31 град.

    Зголемување од 1,4% има и кај процентот на позитивни случаи од тестирани, кој минатата недела изнесува 8.1%. Пораст од 85,9% во споредба со претходната недела има и кај бројот на хоспитализирани пациенти.

    Намалување има кај бројот на смртни случаи, и тоа од 42,9% во однос на претходната недела.

    М. ИЛИОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира