РИЗИКУВАМЕ ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА НА БАЛКАНОТ, ТВИТНА ХАН ОТКАКО ФРАНЦИЈА ЈА БЛОКИРАШЕ МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ

    РИЗИКУВАМЕ ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА НА БАЛКАНОТ, ТВИТНА ХАН ОТКАКО ФРАНЦИЈА ЈА БЛОКИРАШЕ МАКЕДОНИЈА ВО ЕУХан смета дека Европската Унија ги изневерила земјите од Западен Балкан (Фото: Влада)

    Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан изјави дека лидерите на Европската Унија не останале доследни на својата посветеност да отворат пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија.

    „Ова е огромно разочарување. Европската Унија сега мора да објасни колку сериозно е посветена кон интеграцијата на земјите од Западниот Балкан. Ова не е момент за славење за Европската Унија. Тоа што не го признавме очигледниот прогрес може да има негативни последици, вклучувајќи ја дестабилизацијата на Западниот Балкан“, напиша Хан на Твитер по Самитот на Унијата во Брисел.

    Франција беше најголемиот противник на почнувањето на преговорите со Македонија и Албанија. Освен што имаше процедурални причини за блокирање на двете земји, сметајќи дека процесот на проширување треба да се реформира, Париз исто така јасно стави на знаење дека Северна Македонија и Албанија во овој момент не се подготвени да ги почнат пристапните преговори.

    Лидерите на Унијата исто така не го прифатија компромисот да почнат преговори со Македонија, а Албанија да почека.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира