РОДЕНИТЕ ВО СИСТИНА ВО 2010 НЕМА ДА БИДАТ РОДЕНИ ВО СЕЛО, ТУКУ ВО ГРАД, СО ЗАКОН УСВОЕН ОД СОБРАНИЕТО

    РОДЕНИТЕ ВО СИСТИНА ВО 2010 НЕМА ДА БИДАТ РОДЕНИ ВО СЕЛО, ТУКУ ВО ГРАД, СО ЗАКОН УСВОЕН ОД СОБРАНИЕТОПредлагач на законските измени е Владата, а во предлогот е наведено дека за спроведувањето на законските измени не се потребни дополнителни финансиски средства. - Министерките за правда и финансии Рената Дескоска и Нина Ангеловска во Собрание (Фото: Ѓ. Личовски)

    Родителите на децата родени во болницата „Систина“ во периодот од април 2010 до декември 2010 ќе може да побараат измена и како место на раѓање на децата да биде заведен градот Скопје, место село Злокуќани, како што им стои изводот од матичната книга на родени. Ваквата можност произлегува од вчера усвоените измени во Собранието на Законот за матична евиденција.

    Предлагач на законските измени е Владата, а во предлогот е наведено дека се заснова врз начелата на законитост, професионалност, одговорност, отчетност и транспарентност, како и дека за спроведувањето на законските измени не се потребни дополнителни финансиски средства.

    „Овие измени се во насока на решавање на проблемот со децата родени во болницата Систина во посочениот период, а на кои во изводот од матичната книга на родените како место на раѓање впишано им е Злокуќани, а не градот Скопје. Со тоа ќе се овозможи промена на местото на раѓање од Злокуќани во Скопје ретроактивно за децата родени во горе посочениот период“, вели предлагачот.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари