РОДИТЕЛИТЕ ДА ЗЕМАТ ПОТВРДА ОД ГРАДИНКИТЕ И УЧИЛИШТАТА ЗА ДА БИДАТ ОСЛОБОДЕНИ ОД РАБОТА ЗАРАДИ КОРОНАВИРУСОТ

    РОДИТЕЛИТЕ ДА ЗЕМАТ ПОТВРДА ОД ГРАДИНКИТЕ И УЧИЛИШТАТА ЗА ДА БИДАТ ОСЛОБОДЕНИ ОД РАБОТА ЗАРАДИ КОРОНАВИРУСОТОние родители кои нема да бидат ослободени од работа можат да пријават во Државниот инспекторат за труд на телефонскиот број 1513. (Фото: Ѓ.Личовски)

    Градинките и училиштата ќе им издаваат потврди на родителите за да можат да бидат ослободени од работа. Откако Владата на вчерашната седница како превенција од ширење на коронавирусот донесе мерка да се затворат градинките, училиштата и факултетите, еден родител на дете до 10 години може да не оди на работа 14 дена.

    Од Министерството за труд и социјална политика велат дека потврдите ќе треба да се достават до секторот за управување со човечки ресурси или раководителот, директорот на институцијата, компанијата во која работи, до терминот за пресметка на следната плата.

    „Секое непочитување на препораката за ослободување од работни обврски на еден од родителите на деца до 10 годишна возраст да се пријави во Државниот инспекторат за труд на телефонскиот број 15131“, велат од Министерството.

    Со мерката на Владата затворени се и дневните центри за згрижување на лица со попреченост, па поради тоа ослободувањето од работа важи за родители на деца и лица со попреченост и над 10 годишна возраст. Родителите е потребно да достават потврда дека лицето е корисник на услугата дневен центар за лица со попреченост.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира