РОЗОВАТА ПРОШЕТКА ПРОТИВ РАКОТ НА ДОЈКА ПОЧНУВА УТРЕ ВО 11 ЧАСОТ ВО СКОПСКИОТ ПАРК

    РОЗОВАТА ПРОШЕТКА ПРОТИВ РАКОТ НА ДОЈКА ПОЧНУВА УТРЕ ВО 11 ЧАСОТ ВО СКОПСКИОТ ПАРКОд розовата прошетка минатата година (Фото:СДК.МК)

    Традиционалната розова прошетка „Напред розово 2018-чекори против ракот на дојка“, која годинава се оддржува по десети пат ќе почне утре во 11 часот во Градскиот парк во Скопје кај Школка. Организатори на настанот се здружението „Борка – За секој нов ден“ и Амбасадата на САД во Македонија, а годинава во партнерството со компанијата „Авон“.

    Организаторите велат дека во розовата прошетка ќе има повеќе од 1.500 учесници, кои ќе испратат порака за важноста на раната дијагноза и поддршката на пациентите, како основен предуслов тие да се справат со болеста.

    „Во прошетката ќе учествуваат сите граѓани на Република Македонија, вклучувајќи и организирано учество на поддржувачи на „Борка“ од градовите низ Македонија. По прошетката ќе следува музички хепенинг за да им се овозможи луѓето, односно борците против ракот на дојка да се зближат, да се дружат и да го слават животот“, велат од „Борка“.

    Годинава исто како и претходно ќе се собираат средства преку продажба на розови производи.

    „Средствата ќе се искористат за реализација на нашите годишни активности, односно обезбедување на психосоцијална помош и поддршка за болните од рак и нивните семејства, обезбедување на перики за жените со низок социјален статус кои примаат хемотерапија, посета на клиниките за онкологија и торакална хирургија од волонтери на Здружението, одржување на бесплатната СОС линија за помош и поддршка“, велат од „Борка“.

    Е. БОЧВАРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира