РУСКОВСКА МУ ДАДЕ МОЖНОСТ НА КАМЧЕВ ПРЕКУ „РЕКЕТ” ДА СИ ДАДЕ ОДБРАНА ЗА „ИМПЕРИЈА”, ЗАБОРАВИЈА ДА ЈА НАПАДНАТ КАТИЦА, КАЖА НЕЈЗИНИОТ АДВОКАТ

    РУСКОВСКА МУ ДАДЕ МОЖНОСТ НА КАМЧЕВ ПРЕКУ „РЕКЕТ” ДА СИ ДАДЕ ОДБРАНА ЗА „ИМПЕРИЈА”, ЗАБОРАВИЈА ДА ЈА НАПАДНАТ КАТИЦА, КАЖА НЕЈЗИНИОТ АДВОКАТВо завршните зборови, адвокатот Дељо Кадиев укажа дека ни Камчев, ни неговата сопруга некогаш кажаа дека Јанева некогаш им побарала пари за спас од најголемата финансиска истрага досега. - Од денешното рочиште за „Рекет“ (Фото: СДК.МК)

    Адвокатот Дељо Кадиев на обвинетата Катица Јанева во предметот „Рекет” во завршните зборови денеска кажа пред судот дека обвинителката за организиран криминал Вилма Рускоска го пушти да си даде одбрана за истрагата „Империја” кај што е првоосомничен за повеќе кривични дела со кои државата е оштетена засега за 15 милиони евра.

    „Во сведочењето Камчев толку зборуваше само за неговата истрага во ‘Империја’, што заборави да ја спомне, а камо ли да ка нападне Катица Јанева во овој предмет“, кажа Кадиев.

    Адвокатот потсети на зборовите на Камчев дека „Империја” е измислена за да му бидат рекетирани пари. Па оттука Кадиев праша:

    „Дали најдобрата одбрана во еден предмет е напад на лицето кое го води тој предмет?”, алудирајќи на тоа дека Камчев, кој самиот кажа дека бил сценаристот и режисерот на аудио и видеоснимките од првообвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13, а за обвинителството се крунски доказ.

    Потоа праша: „Зошто судот ги дозволи овие приватни конструирани снимки?”, па приложи европски пресуди каде вакви докази никако не може да бидат законити докази. Веднаш потоа објасни како Парламентот одлучи со закон прислушуваните разговори од УБК да бидат исклучок и да важат само во предметите на СЈО и само 5 години.

    „Никогаш не ги добивме снимките на Камчев и е пропуст на обвинителството и на судот. Не можевме да видиме кај почнуваат, кај завршуваат, кратени, додавани…Обвинителството за да влијае врз судот, им ставил називи на фајловите: ‘Во понеделник ќе го пуштат’, ‘Примопредавање на пари’…, а примопредавање никаде нема на снимките. Компјутерот не може сам да ги напише, тоа е човечки фактор”, укажа адвокатот на Јанева.

    Тој укажа дека ни Камчев, ни неговата сопруга кажаа дека Јанева некогаш им побарала пари за спас од најголемата финансиска истрага досега. Дека всушност, Камчева токму спротивното го кажа.

    Доказ за тоа, вели Кадиев, е дека истрагата и денес не е затворена, пасошите му сè уште во судот, а Камчев со ништо не бил привилегиран, освен што го пушти Врховниот суд од куќен притвор.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира