СЀ ПОВЕЌЕ КОМПАНИИ УКАЖУВААТ ДЕКА НЕ МОЖАТ ДА НАЈДАТ РАБОТНА СИЛА, ТРЕБА ДА УВЕЗУВАМЕ ГРАДЕЖНИ РАБОТНИЦИ И КЕЛНЕРИ, ВЕЛИ БИТИЌИ

    СЀ ПОВЕЌЕ КОМПАНИИ УКАЖУВААТ ДЕКА НЕ МОЖАТ ДА НАЈДАТ РАБОТНА СИЛА, ТРЕБА ДА УВЕЗУВАМЕ ГРАДЕЖНИ РАБОТНИЦИ И КЕЛНЕРИ, ВЕЛИ БИТИЌИОд недостиг на работна сила најпогодени се секторите градежништво, како и хотелиерство и туризам. (Фото: СДК.МК)

    Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека секојдневно сè повеќе компании укажуваат дека имаат проблем да најдат работници и дека е потребно тие работници да се увезат од странство. Тој вели дека најзагрозени се секторите градежништво и хотелиерство и туризам.

    „Секој ден имаме сè повеќе и повеќе компании кои што укажуваат дека многу тешко можат да најдат работна сила од тоа што го има на располагање во Агенцијата за вработување или од тие што не се пријавени во Агенцијата за вработување. И затоа Владата прави напори преку оперативниот план за вработување преку различни форми на преквалификација и доквалификација за нив да ги спреми за пазарот на трудот. Дотогаш има потреба да се увезе работна сила и во овој момент разговараме со стопанските комори во кои гранки би увезле работна сила. Најзагрозени се секторите градежништво, како и хотелиерство и туризам. Тоа се сезонски работници кои одат во други земји, како Хрватска, Словенија, па и во земјите на ЕУ и се отвора еден сериозно потреба за луѓе кои би служеле во тој сектор“, кажа Битиќи, одговарајќи на новинарско прашање, по денешниот состанок со бизнис делегација на Источниот Комитет на Германското стопанство, која ќе ја придружува в.д. амбасадорот Ото Граф.

    Вицепремиерот додаде дека минатата година имало 5.300 работници од странство во нашата земја кои работеле и, како што вели тој, треба веќе организирано да се зборува во кои сектори има недостиг.

    „Сега за сега, годишно околу 10.000 работници ни недостасуваат“, рече Битиќи.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира