САД ГИ ПОВИКАА МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ДА ГЛАСААТ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ И ДА ПРИЈАВАТ НЕРЕГУЛАРНОСТИ

    САД ГИ ПОВИКАА МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ДА ГЛАСААТ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ И ДА ПРИЈАВАТ НЕРЕГУЛАРНОСТИНадлежните од централната и локалната власт треба целосно да ги истражат сите наводи за злоупотреба во изборниот процес и да преземат соодветни мерки,изјави Американската амбасада во Македонија, - амбасдорот Џес Бејли (Фото: СДК.МК)

    САД ги повикаа граѓаните на Македонија на локалните избори на 15 октомври да го искористат своето право на глас и да ги пријават сите сознанија за изборни нерегуларности на надлежните институции.

    „Ги охрабруваме граѓаните, цивилното општество и медиумите да ги пријават сите сознанија за изборни нерегуларности на соодветните органи. Надлежните од централната и локалната власт треба целосно да ги истражат сите наводи за злоупотреба и да преземат соодветни мерки. На крајот, партиите, владините институции, новинарите и граѓаните, преку своите акции, ќе одредат дали процесот бил кредибилен“, соопшти денеска Американската амбасада во Македонија.

    САД сметаат дека претстојните локални избори на 15 октомври „се важни за иднината на Македонија како просперитетна и стабилна демократија, целосно интегрирана во евро-атлантските институции. Ги охрабруваме сите граѓани да го искористат своето право на глас, да ги искажат своите ставови за проблемите во нивните заедници и да ја реафирмираат својата определба кон демократските вредности и владеењето на правото. Ние веруваме дека изборите се клучен дел од секоја демократија и ги поддржуваме напорите со кои граѓаните се охрабруваат да гласаат“, се вели во соопштението и се најавува дека  Амбасадата на САД активно ќе учествува во набљудувањето на изборите, заедно со другите меѓународни и локални набљудувачи.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира
    Booking.com

    Коментари