САД ОЧЕКУВААТ ОД НОВАТА ВЛАДА ДА ГО СПРОВЕДЕ ДОГОВОРОТ ОД ПРЖИНО

    САД ОЧЕКУВААТ ОД НОВАТА ВЛАДА ДА ГО СПРОВЕДЕ ДОГОВОРОТ ОД ПРЖИНОПортпаролката на Стејт департментот Хедер Нарт. вели дека САД остануваат пријател и партнер на Македонија и се посветени да ја поддржат нејзината европска и евроатлантска иднина.

    САД ја поздрави одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да му го додели мандатот на Зоран Заев и од новата влада очекува целосна имплементација на Договорот од Пржино, соопшти попладнево Стејт Департментот.

    „Соединетите Американски Држави ја поздравуваат одлуката на македонскиот претседател Ѓорге Иванов да му го додели мандатот за формирање влада на господинот Зоран Заев. Одлуката претставува важен чекор напред за македонската демократија и на граѓаните на Македонија. Со нетрпение очекуваме да соработуваме со новата влада при справувањето со огромниот број предизвици со кои се соочува Македонија, вклучувајќи ја и потребата од демократски реформи и целосна имплементација на Договорот од Пржино“, се вели во соопштението на портпаролката на Стејт департментот, Хедер Нарт.

    Таа додаде дека САД остануваат пријател и партнер на Македонија и се посветени да ја поддржат нејзината европска и евроатлантска иднина

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира