САД ПОБАРАА И МАКЕДОНИЈА КАКО ЧЛЕНКА НА НАТО ДА ОДВОИ 5 ОТСТО ОД БУЏЕТОТ ЗА ОДБРАНА

    САД ПОБАРАА И МАКЕДОНИЈА КАКО ЧЛЕНКА НА НАТО ДА ОДВОИ 5 ОТСТО ОД БУЏЕТОТ ЗА ОДБРАНАРубио на средбата со Муцунски во Вашингтон ја нагласил „потребата сојузниците на НАТО да поддржат и да остварат пет проценти одбранбени трошоци“. (Фото: Стејт департмент)

    Државниот секретар на САД Марко Рубио на денешната средба со македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски во Вашингтон меѓу другото ја нагласил „потребата сојузниците на НАТО да поддржат и да остварат пет проценти за одбранбени трошоци“, соопшти Стејт департментот.

    Министерот Муцунски во објава на Фејсбук за средбата меѓу другото вели дека со Рубио размениле мислења и за „безбедносната соработка во рамки на НАТО, каде што продолжуваме да даваме активен придонес како кредибилен сојузник, со инвестиции над 2% од БДП во одбранбениот сектор“.

    Тој рече и дека разговарале и за можностите за натамошно продлабочување на трговските односи, „постигнувајќи значаен исчекор во правец на намалување на царините и започнување процес за потпишување Договор за слободна трговија“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира